Откако потврдил дека може да ја слушне, Шахин започнал говор во кој ветил мир во земја зафатена од војна.

-Луѓето од Авганистан во градот Кабул, нивните имоти и нивните животи се безбедни. Нема да се одмаздиме на никого. Ние сме слуги на народот и на оваа земја”, рече тој.

Шахин, кој не ја исклучил можноста за јавни егзекуции и казни во форма на ампутациив додал:

-Раководството им наложи на нашите сили да останат пред портите на Кабул, да не влегуваат во градот. Чекаме мирен трансфер на власта

Портпаролот рече:

-Не можам да го кажам тоа сега. Зависи од судиите и законите. Судиите ќе бидат назначени според законот на идната влада

Тој, исто така, потврдил дека земјата ќе се врати на екстремната верзија на исламскиот шеријатски закон.

-Се разбира, ние сакаме исламска влада, додаде тој.

Исто така истакна:

-Но, ние ќе ги почитуваме правата на жените и ќе им дозволиме пристап до образованието.

Водителката била пофалена од колегите и луѓето на Интернет за смиреноста.

-Тоа интервју со талибанците е неверојатно. Јалда Хаким е апсолутна шефица, напиша на Твитер новинарката Асамах Мир.