Затворен е граничниот премин Евзони од грчки страна. Станува збор за голем пожар во близина на граничниот премин, а цариниците, вработените и граѓаните кои патуваат се во исчекување на санација.
Од видеата кои ги објавуваат граѓаните на социјалните мрежи видливо е дека гори шума во близина на самата граница.
Наскоро се очеквуваат детали од МВР за ситуацијата на македонската страна на граничниот премин „Богородица“.