Пожар во напуштена барака во Аеродром
Денеска избувна пожар во Аеродром, во напуштен објект на улицата „Коста Новаковиќ“. Гори спроти „Американ колеџ“ во општина Аеродром. Според информациите од Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот е ставен под контрола.
Интервенција на противпожарната бригада
Во акцијата за гаснење на пожарот учествуваат три противпожарни возила со вкупно десет пожарникари. Надлежните служби моментално работат на целосно ликвидирање на пожарот и утврдување на причините за неговото настанување.
Гаснење пожар во Аеродром, видеото може да го погледенте ТУКА.