На 12.03.2025 во 12.00 часот во населба на подрачјето на општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од скопско село. Полициските службеници постапиле по претходна пријава дека околу 04.00 часот физички ја нападнал неговата 43-годишна поранешна партнерка.

Тој оштетил мобилен телефон, ги туркал нејзините три малолетни ќерки и со тврд предмет ја оштетил влезната врата од нивниот дом.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.