Опожарена викенд куќа на директорот за извршување санкции, Александар Пандов

Опожарена е викенд куќа на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, е пронајдена целосно изгорена во село Орешани, скопско. Случајот во полиција бил пријавен вчера околу 18:45 часот, по што е отпочната истрага.

Изгорената куќа погледнете ја во продолжение:

Според пријавата, куќата не била користена извесен период, а според снимките што ги обезбедил Пандов, објектот е целосно пеплосан и на местото не било забележано присуство ниту на чад, ниту на противпожарни екипи, што укажува дека пожарот најверојатно избувнал и пред неколку дена.

„Денеска (29.04.2025) во 18.45 часот во СВР Скопје А.П.(54) од Скопје пријавил дека била опожарена неговата викенд куќа во с.Орешени, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Пандов, во првичната изјава, вели дека сомнежите ги насочува кон криминални групи кои, според него, се погодени од промените и затегнатите услови во затворите по неговото именување на функцијата.

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ: „Обид за заплашување и замолчување“

По инцидентот, се огласи и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, која најостро го осуди настанот.

„Најостро го осудуваме палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов и повикуваме на итна и брза реакција од страна на институциите. Овој чин е обид за заплашување и замолчување на Пандов бидејќи изминатиот период јавно говореше за сите криминални дејствија што се случувале, а за кои тогашната власт и раководство се обиделе да ги затскријат.“

Од партијата велат дека криминалците повеќе немаат заштита од државата. Најавуваат одговорност за сите инволвирани во инцидентот.

„Времето на палење куќи, автомобили, уцени и закани заврши. За секој одговорен и инволвиран во вакви настани ќе следува одговорност. Правда мора да има!“

Повеќе детали околу инцидентот прочитајте на веста во продолжение:

(ВИДЕО) ЗАПАЛЕНА КУЌАТА НА ПАНДОВ: Одмазда и смислен план на криминалци – ова е данокот за борбата за правда без калкулации, вели директорот на Управата за санкции

Истрагата за инцидентот продолжува. Јавноста очекува брзо расчистување на случајот.