„Не за промена на Устав под бугарски диктат, СДСМ повеќе се залага за ДУИ отколку за Македонија“, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов на гостувањето на Радио Лидер.

На емисијата се зборуваа актуелните политички прашања, а едно од нив беше „Дали Љупчо Пренџов ќе гласа за уставните измени“. На ова пратеникот децидно изјави дека нема да гласа за промена на Устав под бугарски диктат, тој се осврна на владејачката СДСМ. Според него тие повеќе се залагаат за ДУИ отколку Македонија и националните интереси.

СДСМ повеќе се залага за ДУИ отколку за Македонија, СДСМ повеќе се залага кога Бугарите ќе влезат во Устав отколку кога Македонците ќе влезат во Европската Унија, започнува Пренџов.

На прашање на водителот и новинар Љупчо Златев што со одложеното прифаќање на Бугарите во Уставот, Пренџов вели дека најважно е со зачувано достоинство да влеземе во ЕУ.

Додека не го зачуваме нашиот идентитет не можеме ниту да почнеме ниту да завршиме преговори, тоа е наш прв приоритет. Се друго е слепа улица без крај и ќе продолжи со уцени и закани, категоричен е Пренџов.

Во продолжение може да го погледнете исечокот од денешното гостување на Пренџов на Радио Лидер.

Останатите емисии може да ги погледнете на нашиот Јутуб канал.