Сомнежи за намерно потпалување – апел до граѓаните

Директорот на Центарот за управување со кризи (ДЗС), Стојанче Ангелов, соопшти дека утринава пожарникарите на теренот кај Блаце, каде избувна пожар, пронашле дрвени палети кои најверојатно биле претходно полиени со бензин и фрлени во смреки. Според него, постои основано сомневање дека некој намерно сакал повторно да предизвика пожар на веќе зафатената локација.

  • „Пожарникарите при гаснење пронајдоа палети претходно најверојатно намачкани и полиени со бензин и фрлени во смреки. Некој утрово се обидуваше да го реактивира пожарот во Блаце кој е под контрола“, изјави Ангелов во видео-обраќање.

Тој упати апел до сите граѓани кои ќе забележат лица со палети или со сомнително однесување веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112.

Манастири и викендички не се зафатени – огнот локализиран

Ангелов категорично ги демантираше шпекулациите дека манастири или викендички биле зафатени од пожарот во околината на Чучер Сандево. Тој нагласи дека навремената реакција на противпожарната служба, хеликоптерските екипи и ангажираното локално население спречиле проширување на огнената стихија.

  • „Во текот на вчерашниот ден, некои манастири или цркви не биле во опасност од пожарот“, изјави Ангелов.

  • „Не е точна веста дека изгореле куќи во Чучер Сандево“, додаде тој, апелирајќи до медиумите за одговорно известување.

Ситуацијата, според него, е под контрола и сите служби остануваат во состојба на готовност.