Големи протести се одржуваат во градовите Мемфис, Њујорк и Лос Анџелес, а помали во главниот град Вашингтон, во Сиетл, Детроит и Атланта. Некаде е распоредена Националната гарда, некаде е запрен сообраќајот, а засега протестите се мирни

Во САД се одржуваат бројни протести по јавното објавување на видео снимки на кои се гледа како пет полицајци го тепаат Тајр Николс, кој почина три дена подоцна како резултат на повредите од тепањето.

Големи протести се одржуваат во градовите Мемфис, Њујорк и Лос Анџелес, а помали во главниот град Вашингтон, во Сиетл, Детроит и Атланта. Некаде е распоредена Националната гарда, некаде е запрен сообраќајот, а засега протестите се мирни.

Во Мемфис, каде што почина Николс, група демонстранти се собраа во паркот во центарот на градот, а потоа излегоа на улиците, затворајќи го мостот над реката Мисисипи. Тие извикуваа „нема правда, нема мир“ и „правда за Тајр“, затворајќи го мостот речиси три часа пред мирно да се разотидат.

Протестот во центарот на Лос Анџелес станал тензичен кога група демонстранти се собрале пред седиштето на полицискиот оддел во Лос Анџелес, што било блокирано од полицијата.

Други мали, но главно мирни протести се одржаа и во Вашингтон, во Сиетл, Детроит и Атланта, како и во други градови.

Официјалните лица се подготвуваа за национални протести во деновите пред објавувањето на снимката. Антонио Романучи, адвокат кој го застапува семејството Николс, рече дека 29-годишникот бил третиран како „човечка пињата“.