Три автомобили биле украдени и запалени синоќа во периферијата на Белфаст, пренесе АП.
27 полицајци биле повредени во петокот вечерта, а осум лица биле уапсени за време на немирите во Белфаст и Лондондери.
Полицијата соопшти дека биле изложени на континуиран напад од поголема група млади луѓе кои фрлале камења, шишиња и огномет.
Тензиите избувнаа кога членови на парламентот на Северна Ирска осудија 20-тина политичари од ирската републиканска партија Шин Фејн, кои присуствуваа на погребот на поранешниот шеф на разузнавањето на ирската републиканска армија (ИРА), Боби Стори, во јуни.