Кралот Чарлс Трети денеска за првпат им се обрати на пратениците и граѓаните кои претходно ѝ оддадоа почит на неговата сакана кралица – мајка.

Кралот им се заблагодари на стотиците политичари, меѓу кои премиерката Лиз Трус, Сер Кир Стармер и Борис Џонсон, за оддавањето почит на неговата мајка.

Во својот краток, трогателен говор, Чарлс, едвај ги задрувајќи ги солзите, цитираше зборови од Шекспир, што ги кажа во знак на почит кон неговата „сакана мајка“.

„Како што кажал некогаш Шекспир за претходната кралица Елизабета, таа беше пример за сите живи принцови’“, рече кралот Чарлс додавајќи дека ја чувствува тежината на историјата и на виталните парламентарни традиции на кои членовите на двата дома им се многу посветени.

Стотици достоинственици потоа станаа на националната химна, чин што го расплака новиот крал.