-Вложивме недели и илјадници долари во оваа, рече мажот, а жената што го сними се обидуваше да го смири и го молеше да престане да ги уништува новопоставените плочки во бањата.

-Господине, ве молам, престанете, куќата не е ваша па да ја уништување, рече жената на прашањето дали некој ќе му плати.

Ова е моја сопственост. Имам сметки за се – рече човекот и потоа продолжи да удира по ѕидот.

Сопственичката на куќата, Амбер Труке, рече дека ангажирала фирма за реновирање, но не е задоволна од тоа како ја завршиле работата. Како што вели, платила 3300 долари од вкупно бараните 7500.

-Сега немам ништо за 3.300 долари што ги платив, вели сопственикот кој го пријавил целиот инцидент.

Полицијата го истражува случајот, а Труке, исто така, се обрати до Канцеларијата на државниот секретар, наведувајќи дека никогаш порано не примил жалба против компанијата во која работи човекот.