Неодамнешните извештаи за руската воена активност во и околу Украина, како и кршењето на примирјето, предизвикаа меѓународна загриженост за повторно ескалирање на седумгодишниот конфликт меѓу двете земји, додаде германската агенција.
– Овие големи движења на војската, без претходно известување, претставуваат заканувачки и дестабилизирачки активности, се наведува во заедничкото соопштение на министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, САД и Велика Британија.
Шефовите на дипломатиите на земјите од Г7 ја повикаа Русија да „престане со своите провокации и веднаш да ги деескалира тензиите во согласност со нејзините меѓународни обврски“.
Тие во заедничката изјава ја потврдуваат својата „непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници“, пренесе ДПА.
Русија. по анексијата на крим, во 2014 година, беше исфрлена од форумот што во тоа време се нарекуваше Г8. Меѓународната заедница се уште смета дека Крим е дел од украинската територија.
Делови од украинските источни региони Доњецк и Луганск долж руската граница се контролирани од сепаратистите, поддржани од Москва.
На социјалните мрежи и низ светските медиуми, беа објавени видеа на кои се гледа како огромни арсенали оружје и војници се пренесени на границата меѓу Русија и Украина, оправдувајќи ги стравовите на светските лидери за можна инвазија на регионите контролирани од сепаратистите.
NEW 🚨 Russia deploying atomic mortars that can fire ‘nuclear warheads and laser-guided Daredevil missiles’ to Ukraine border pic.twitter.com/pAbJpOI6X8
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) April 9, 2021
🇺🇦⚡🇷🇺Russian Railways, 04/05/2021
Destination unknown#Ukraine #Russia pic.twitter.com/GtsW0iKCsc
— 🆁🅰🅶🅴🆇 (@theragex) April 6, 2021