Арсенал не успеа да победи на лондонскиот дуел иако имаше два гола предност. На крајот Вест Хем освои значаен бод за 2-2, а Бакајо Сака не реализира и пенал.
Габриел Жесус во седмата минута донесе водство, а три минути подоцна Одегард зголеми на 0-2.
Бенрама од пенал ја врати надежта за Вест Хем, а на почетокот на вториот дел Сака не успеа да возврати од белата точка.
Само три минути по промашениот пенал на Сака, Џерод Боувен израмни на 2-2.