Фудбалерите на Сасуоло приредија изненадување откако на домашен терен го совладаа Јувентус со 1:0 во рамките од италијанската Серија А.

Првите 45 минути не донесоа скоро ништо сериозно пред двата гола, а во второто полувреме гледавме многу поинтересен натпревар.

Прв се закани Дефрел кога блесна перин кој успеа да го одбрани ударот со глава. Оваа шанса како да беше најава за она што се случи десетина минути подоцна кога Дефрел ја искористи лошата реакција на Фаџоли и го постигна одлучувачкиот гол на натпреварот.

Гати влезе во добра прилика на спротивната страна, но не го совлада одличниот Консиљи. До крајот на натпреварот Сасуоло ги издржа нападите на Јувентус и ги освои трите бода. Со ова реми Јувентус има 44 бода и се наоѓа на седмата позиција на табелата, Сасуооло 10-ти со четири бода помалку.