Во продолжение пренесуваме прес-конференција од СДСМ:

Земјоделство е една од најзначајните македонски гранки, кои СДСМ во изминатите години успешно ги развива со силна поддршка и реални политики во интерес на земјоделците.

Дополнително обезбедивме и силна поддршка за земјоделците преку европските програми, за инвестиции во опрема, машини и уреди за преработка.

Со ваков пристап, станавме лидери во искористеност на ИПАРД средствата од 98% и прва земја во регионот којашто е подготвена да започне со ИПАРД 3 програмата.

Ја поедноставивме административната процедура, ги доближивме мерките до сите заинтересирани, и најважно, земјоделците ги препознаа придобивките.

Резултатот е склучени над 2.300 договори во ИПАРД 2, и нови неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата.

60% повеќе пари за македонското земјоделство и стопанство.

Ова е пример како вистинските политики, поддржани од ЕУ даваат конкретни резултати.

Сакам да апелирам до сите заинтересирани земјоделци и агробизнисмени, производители на храна да ги искористат мерките од ИПАРД 3 програмата.

Јавниот повик за оваа програма е продолжен до крајот на месецот и сите заинтересирани треба што поскоро да ја искористат оваа можност. Да го модернизираат своето производство, да создаваат конкурентни финални производи и да придонесат во развојот на економијата.

Почитувани,

Изминатите години СДСМ овозможи услови за модернизација на земјоделското производство.

Со членство во Европската Унија, на македонските земјоделци и стопанственици ќе им обезбедиме пристап до единствениот европски пазар од 500 милиони жители и зголемена финансиска поддршка преку развојните фондови на ЕУ која е дури 11 пати поголема, рече Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ.