На социјалните мрежи се сподели видео од Улцињ, Црна Гора во кое се сведочи како возило „бмв“ со тетовски регистарски таблички непрописно се паркирало и го затворило излезот за осум други возила.

Во видеото, на кое се слуша дека го снима жена која повика доколку некој го познава возачот или доколку случајно сам го види видеото, да дојде и да реагира побрзо, бидејќи ќе бидат приморани да повикаат полиција, иако напомена дека тоа не ѝ било намерата.

„Ќе бидеме приморани да му повикаме полиција, иако не ни е тоа во интерес. Во секој случај знаеме како е кога си во странска држава, возилото ќе ти го однесат некаде, па ќе мора потоа да го бараш“, вели жената.

Таа додаде дека две лица од други две возила отишле да го бараат тетовецот, но смета дека на главната плажа во Улцињ тешко дека ќе го пронајдат.