Седат Пекер, на кого МВР му издало македонска лична карта со украден идентитет на лицето, Џадин Амедовски, не криел дека е во Македонија, туку напротив имал и неколку средби до познати бизнисмени, но и со градоначалници.
Водачот на турската мафија лани на 3-ти Октомври на неговиот фејсбук профил објавил дека бил гостин на ФОН универзитетот и сопственикот Сефер Цановски, додека пак на 17 ноември општина Маврово Ростуше на официјалната фејсбук страница го преставила како биснисмен од Турција кој бил на работна средба со градоначалникот Медат Куртовски.
Шефот на турската мафија бил осуден на 14-годишна затворска казна во 2007 година под обвиненија за предводење на криминална организација, грабеж, фалсификување и две точки за незаконско лишување од слобода. Тој избегал од Турција во јануари минатата година под сомнителни околности.
Дека контраверзниот бизнисмен слободно се шетал во Македонија покажуваат неколку видеа објавени на јутјуб канал со неговото име. Во едно од тие виде се гледа како Пакер е во прошетка низ центарот на Скопје, односно е на „Плоштадот Македонија“