Реакција на семејството по пресудата за казна од две години затвор

Одлуката на судот во Тетово предизвика силни реакции, откако беше изречена казна од само две години затвор за Менсур Пајазити. Toj e обвинет дека во септември 2022 година ја усмртил 22-годишната Теодора Ристовска со прегазување. Првичната пресуда изнесуваше три и пол години затвор, но Апелациониот суд во Гостивар ја намали казната по прифатената жалба од страна на Вишото јавно обвинителство.

Одлуката на судот да изрече казна од две години за обвинетиот во случајот на трагично загинатата Теодора Ристовска, предизвика длабока болка и разочараност кај нејзиното семејство. Ева Ристовска, нејзината сестра, низ солзи реагираше по пресудата, изнесувајќи ја својата болка пред јавноста.

„Максималната казна нема да ја врати, но барем ќе ја олесни болката“

„Колку вреди животот во Македонија? Колку вреди животот на сестра ми? Дали некој може да ја врати нејзината младост, мојата младост? Две години го осудија човеков што уби човек. Дали некој ќе ми објасни колку вреди животот на сестра ми? Со две години треба да бидам задоволна? Да ѝ палам свеќа и да ѝ речам: со две години – биди задоволна? Не, не може. Максималната казна од пет години нема да ми ја врати Теодора, но ќе ми ја олесни маката,“ изјави Ева Ристовска.

„Верувам дека нејзината сила е во мене“

„Сите веруваа во правда, и јас верувам. Верувам дека оваа казна ќе се промени и ќе стане максимална. Верувам силно дека Теодора нè гледа и плаче многу повеќе од мене. Таа ми ја дава силата. Нема да се откажам. Таа мора да спие мирно,“ додаде Ева, видно потресена.

Семејството бара правда за Теодора, јавноста со поддршка

По пресудата, дел од јавноста преку социјалните мрежи ја изрази поддршката за семејството Ристовски. Сè погласни се повиците за промена на пресудата и подигнување на казната, особено во контекст на општото прашање за вредноста на човечкиот живот во македонскиот судски систем.

Семејството најавува дека ќе продолжи правната битка, со цел казната да биде зголемена и правдата да биде достигната. Семејството тврд дека оваа битка не е само за Теодора, туку и пример за сите слични случаи во иднина.