Силен пожар денеска беснее во околината на Пехчево, при што гори борова шума во правец кон границата со соседна Бугарија. За пожарот информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Според информациите, пожарот е еден од двата големи што денеска се активни во источниот дел од земјата. Огнена стихија беснее и во реонот на делчевското село Бигла.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Во текот на претпладневните часови пожар избувнал и во прилепско, кај селото Бонче. Таму огнот се приближил на околу 100 метри од куќите.
