Наместо минута молк и оддавање почит за 59-те жртви од Кочани меѓу кои и фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров навивачите на Шкендија направија голем скандал. Имено, на денешпниот натпревар од ПМФЛ Шкендија на свој терен ја пречека Брера. Навивачите на домаќините во минутата кога се оддаваше почит на Лазаров, не само што не навиваа, туку пееја и песна посветена на УЧК.
Според спортската јавност по ваквиот скандал се очекува екипата на Шкендија да заработи сериозна санкција од Фудбалската федерација на Македонија.
Погледнете го видеото:
Прволигашките натпревари кои се играат денеска започнаа со минута молк за Кочани, а во чест и на фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров.
ТРАГЕДИЈА: Почина Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи!
Ваквиот потег наиде на критики од спортска јавност. Популарниот медиум „Макспорт“ даде свој коментар за песната и свирежите.
„Дното е допрено“, пишува Макспорт на Фејсбук.