Снимката која го згрозила Азербејџан е уште полоша поради фактот што девојката е пријателка на неговата сопруга и токму таа ја вработила.
На снимката се гледа како жената по инцидентот му се смешка на Хусејнбала, а потоа се врти кон лап-топот, заклучувајќи дека се се видело, па со грч на лицето се поместува од кадарот.
Гледајќи што се случило и колкава е моќта на социјалните мрежи денес, Хусејнбала прво изјавил дека снимката е чиста лага односно монтажа, а потоа се премислил па во текот на денот порачал дека само се шегувал, како и дека не е луд да ја изневерува сопругата со нејзината пријателка, посебно не пред камери.
Хусејнбала кон владејачката партија Нов Азербејџан се приклучил во далечната 1992-та година, а од 2008-ма година ја врши должноста претседател на партијата за округот Катаи.
Во повеќе наврати бил избран во Националното собрание, а на последниот конгрес е вброен во Советот на ветерани. Со самото тоа, одамна му е познат на народот, но не и како сексуален предатор.
Владејачката партија најавила дека на следниот состанок ќе се зборува за овој скандал и најверојатно ќе го смени човекот од сите позиции во партијата.