Аргентина ја освои Копа Америка по рекорден 16-ти пат. „Гаучосите“ во финалето по продолженијата ја совладаа Колумбија со 1-0. Стрелец на единствениот гол на стадионот Хард Рок во Мајами беше Лаутаро Мартинез во 112. минута.

90 минути задоцни почетокот, има уапсени и ранети

Натпреварот започна со задоцнување од час и 22 минути поради проблеми со влегувањето на навивачите на стадионот. Една од вратите била скршена од колумбиски навивачи кои влетале низ неа, а полицијата потоа ја затворила. Колумбиските навивачи предизвикаа нереди прескокнувајќи ги бариерите додека се обидуваа да влезат на стадионот без билети. Агенциите за спроведување на законот реагираа и уапсија меѓу 10 и 15 пиромани. Медиумите јавуваат и за 7 ранети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fabrizio Romano (@fabriziorom)

Ситацуијата излезе од контрола, а ескалираше од колумибските фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fabrizio Romano (@fabriziorom)

Меси се здоби со повреда

Лионел Меси се здоби со повреда на скочниот зглоб и беше принуден да го напушти теренот на неговиот последен натпревар на Копа Америка за Албиселесте. Анхел Ди Марија се прости од репрезентацијата на Аргентина.