Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат пожарот и веднаш бегаат од местото на настанот.
На видеоснимката се гледа како момчињата се приближуваат до дуќаните, по што избувнува пожар и тие го напуштаат местото.
View this post on Instagram
Во пожарот комплетно изгореа неколку дуќани, а материјалната штета за сопствениците е голема.
Засега нема официјална информација од МВР дали лицата од снимката се идентификувани и дали се преземени мерки за нивно пронаоѓање и приведување, објави Скопје1.мк
