Лажните дојави за бомби во Делчево се во фаза на расчистување. МВР се уште не открива кој стои зад дојавите но првиот човек на полицијата Оливер Спасовски уверува дека истрагата е при крај, пренесува ТВ24.

Неговата колешка Славјанка Петровска пак вели дека и покрај честите закани за поставени бомби во јавни и образовни институции, нема реална закана по безбедносната состојба во земјава.