Согласно владиниот став искажан од Бојан Маричиќ очекуваме денеска во владата да биде искажан совет до бугарскиот премиер дека не е работа на Бугарија да, цитирам „да кажува каде какво малцинство има во регионот“, и дека „тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ
Во продолжение изјавата
Маричиќ и Ковачевски од една страна се оградуваат од Македонците во Бугарија, велат дека тоа е внатрешно прашање на Бугарија, а истовремено виткаат кичма пред диктатот на Софија за промена на македонскиот Устав, отворање на преамбулата.
Второ и многу важно, е Маричиќ и Ковачевски да кажат дали прифатиле Анекс договор којшто ќе ги преформулира членовите на Договорот за добрососедство, согласно коишто би се променила улогата, формата и целите на комисијата за историски прашања. Маричиќ јасно посочува „нова форма“ и го поставува прашањето дали таа комисија воопшто ќе егзистира, и во која форма“.
Ова почитувани може да значи само едно, а тоа е промена, односно Анекс на договорот, за којшто Владата крие и молчи. Пиуните на Заевизмот од прв ден ги нарушија позициите на Македонија. Маричиќ и Ковачевски продолжуваат со националните понижувања, што беа одлика на Зоран Заев.
Пиуните на Заев, и Ковачевски и Маричиќ, го газат начелото за меѓусебно почитување и реципроцитет, како основа за добри меѓусоседски односи. Срамно и недостоинствено е однесувањето на потпретседател на Влада кое што преставува и континуитет на срамните политики на заевизмот.
Ова е бедно и срамно. Заевизмот ги загрозува македонските национални и државни интереси, и затоа што поскоро мора да биде поразен на избори.