– Всушност, сопругот на Мила Царовска склучил договор со потписникот Петре Шилегов, за цела година, односно за 12 месеци, во вкупна вредност од 1.000.000 денари! Уште поинтересен факт од овој договор е ПРИЧИНАТА за овој договор, односно, за што „фирмата на сопругот на Мила Царовска, обезбеди работа, летање дрон, за цела година и се обезбеди со 1.000.000 денари. Предмет на договорот за сопругот на Царовска е- ќе бидам прецизен- Услуга за изнајмување на опрема за висинско набљудување- на шумски површини во скопската котлина- за рана детекција на растителни болести!?, вели Стоилковски.

Стоилковски вели дека сомнежот за можна злоупотреба е уште поголем затоа што ваквите договори се повторуваат, на пример, истата фирма беше ангажирана од Шилегов во мај 2019 година, за снимање на диви депонии во Скопје, за речиси иста сума од милион денари за една година, а во тој период се одвиваа избори.

– Режимот се повеќе е отуѓен од реалноста, и се му е евтино – од одмори во Мексико и Дубаи, до милион денари за снимање дрва со дрон! А еден милион денари чинат 740 вакцини по пазарна цена од 26 долари. Еден милион денари се половина милион плати од по два денари колку што се исплатени на текстилната индустрија во Штип. Еден милион денари се…. МНОГУ пари во криза. Уште повеќе еден милион денари се многу пари за сопруг на министерка за образование и сопартијка на потписникот Петре Шилегов. Шилегов дава 1.000.000 денари на партнерот на Царовска за снимање шуми со дрон во време на тешка криза, завршува портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ.