Драги сограѓани, локалната власт во Ѓорче Петров предводена од СДСМ и Александар Наумоски се ближи на крајот на својот четиригодишен мандат. Соочени со незадоволството на граѓаните од нивната работа како и од неповолните за нив резултати од анкетите ги фаќа паника и сфаќаат дека во октомври жестоко ќе бидат поразени, истакна Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието на Р. М

-Граѓаните на Ѓорче Петров ја имаат донесено одлуката, а таа е промени.
Во четиригодишниот мандат кој СДСМ и Наумоски го преспаа граѓаните можат да се сетат само на седенките по локалните кафеани, купување луксузни автомобили, тампонирање на улици со надгробни плочи, забрана за сушење на алишта, неработа, ароганција, криминал и корупција.

Па така во последните четири години Ѓорче Петров стана општина каде што таканареченото Корзо кое е практично двор на имотот на градоначалникот Наумоски е поскапо од двете Боемски улици во Дебар Маало, а обична корпа за отпадоци се плаќа околу 100€.

Денеска општина Ѓорче Петров е општина на дивоградби и висококатници комплетно узурпирана од урбаната мафија, општина задолжена со милиони евра, превработена со партиски војници на СДСМ и роднини и кумашини на Наумоски.

Тоа мора да се промени. Ѓорче Петров конечно треба да тргне по патот на динамично развивање, која ќе ја приближи кон другите поразвиени општини во градот Скопје.

ВМРО – ДПМНЕ ќе понуди нов, модерен и урбан концепт за Ѓорче Петров предводено од енергични, квалитетни и неискомпромитирани ликови.

ВМРО – ДПМНЕ ќе биде победник на локалните избори во Ѓорче Петров и заедно со граѓаните секој ден во текот на четиригодишниот мандат ќе ја развива општината, подвлекува Стојаноски.