1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 22.05.2021 (сабота) и на 23.05.2021 (недела), во раните утрински часови.

2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 24.05.2021 (понеделник) до 28.05.2021 (петок), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.