Голем број исчезнати
16 лица загинаа, но жестоките пожари уништија повеќе од 12.300 домови и згради, а сè уште не е јасно колку луѓе се водат за исчезнати.
Бројот на евакуирани веќе достигна 180.000
Бројот на евакуирани веќе достигна 180.000, а штетата од пожарите достигна 150 милијарди долари. Во опустошените области на Лос Анџелес е воведен полициски час.
Силните ветрови малку се смирија во петокот, дозволувајќи им на пожарникарите од Лос Анџелес да спречат дел од шумските пожари што ја опустошуваат областа. Почнувајќи од саботата наутро, пожарот во Палисадес беше локализиран за 11%, додека другиот поголем пожар, оној во Итон, беше локализиран за 15%, според Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари. Пожарникарите имаат поголем успех со пожарите во Кент – 80% се локализирани, а Херст – 76%. Во гаснењето на пожарите беа вклучени 10.000 пожарникари, меѓу кои и стотици затвореници. Мексико испраќа тим од пожарникари во Калифорнија за да помогнат во контролирањето на пожарите што опустошија делови од Лос Анџелес, објави Ројтерс.
Се бара оставка од градоначалничката на Лос Анџелес
Покрената е онлајн петиција со која се бара оставка од градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас – за неколку дена собра над 88.000 потписи. Уште повеќе бараат оставка од гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом – 124 илјади.