Несреќата се случила откаков возачот изгубил контрола над возилото и силно удрил во насипот. Според очевидци, станува збор за семејство од Северна Македонија, кое се враќало дома по одморот во Словенија.

Една екипа на Итна помош од Здравствениот дом Лесковац и друга од Лесковачката болница во рекордно време пристигнале на местото и им укажале помош на повредените. Таму била и екипа на Итна помош од Здравствениот дом од Грделица, а едно од децата со полициски автомобил е пренесено во болница, пишуваат српските медиуми.