Најмалку 50 лица, од кои 10 потешко, се повредени во торнадо што мина низ неколку места во западна Германија.
Според досега познатите информации, загинале најмалку 3 лица.
Најмногу повредени има во градот Падерборн, кој се наоѓа меѓу Франкфурт и Хамбург.
Поради последиците од невремето во тој регион бил прекинат железничкиот и патниот сообраќај.
Во Липштад торнадото предизвикало голема материјална штета корнејќи дрвја, а ветрот го разнел покривот од локалната црква, пренесува „Билд“.
-Во невремето се повредени околу 50 лица, од кои најмалку 10 се тешко повредени. Покривите на некои објекти се откорнати и разнесени на километри подалеку или оштетени. Врз уништените автомобили и натаму лежат многу откорнати дрвја-соопшти полицијата.
Властите ги повикаа граѓаните да останат во своите домови.
Погледнете во видеото: