Трамп тврди дека клучни воени цели во Иран биле погодени
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави во нападите врз Иран уништиле повеќе клучни воени капацитети. Според него, погодени биле иранската морнарица, системите за воздушна одбрана, радарските системи и военото раководство.
„Ги уништивме нивната морнарица, системите за воздушна одбрана, радарите и раководството. И можеме да направиме многу полошо“, им рече Трамп на новинарите.
Тој додаде дека преостанатите цели во Иран би можеле да бидат уништени од американската војска „во рок од еден час“.
„Тогаш тие буквално никогаш повеќе нема да можат да ја обноват својата земја“, рече Трамп.
Не сум загрижен за можни напади врз САД
Американскиот претседател изјави и дека не е загрижен за можни напади врз американска територија од групи поврзани со Иран. Во исто време, тој порача дека нафтените компании треба да продолжат да го користат Ормутскиот теснец, и покрај заканите од Техеран.
Трамп беше прашан и за нападот врз училиште во јужен Иран во кој загинаа 175 лица, од кои најголем дел биле деца. Новинарите го прашаа за информациите дека воена истрага утврдила дека училиштето било погодено од американски напад.
На тоа прашање Трамп одговори:
„Не знам ништо за тоа“.
Според американските медиуми, кои се повикуваат на извори запознаени со прелиминарните наоди, досегашната воена истрага покажува дека САД се одговорни за смртоносниот напад.
Трамп претходно тврдеше дека училиштето било погодено од иранска ракета „Томахавк“, но воените аналитичари веднаш ја отфрлија таа можност, наведуваат медиумите.
⚡️REPORTER: Do you take responsibility for the Minab school strike? A military investigation found out that the U.S. struck the school.
TRUMP: I don’t know about it. pic.twitter.com/COQjITyjT7
— S2FUncensored (@S2FUncensored) March 11, 2026
