На социјалните мрежи кружи видеоснимка на која се гледа како жена со секира удира по банкомат на банка во Ресен.
Во дел од објавите што го придружуваат видеото, поделени се мислењата за мотивите за делото, како и за точниот период кога се случило. Сепак, официјалните информации од полицијата засега говорат дека станува збор за обид за кражба.
Од МВР соопштуваат дека на 30 мај, околу 02:00 часот, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишиле од слобода Ш.С. од Штип, со престој во Ресен, бидејќи била затекната при обид да изврши кражба.
