Лице кое изгубило пари во казино, подметнало пожар во просторијата каде играл, по што морала да интервенира пожарната и полицијата. Пожарот се случил во просторија од станбениот комплекс кај црквата Св. Јован во новиот дел на градот.
Денеска 18. јануари во 18. часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(42 год) од село Бузалково, велешко, поради сомнение дека со запалива течност предизвикал пожар во казино во Велес. Пожарот бил локализиран од страна на Територијална противпожарна единица Велес – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.