Избраниците на селекторот Благоја Милевски доминираа во сите 45 минути од првиот дел, постојано се играше на пловината на Лихтенштајн, се редеа шанси пред голот на Бухел, а одличната игра ја круниса Дарко Велковски со голот во 39 минута.
По корнерот, настана мешаница во петерецот на Бухел каде најснаодлив беше Велковски и го отвори резултатот.
Претхнодно фудбалерите имаа неколку одлични шанси да постигнат уште некој гол, шутевите на Ристивски, Спировски, Елмас не без прецизни, а во 32 минута шутот на Чурлинов по одбиената топка заврши во пречката.