Вчера лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повика власта да распише референдум за прашањето на уставните измени. Според неговиот став, референдумот треба да се однесува на внесувањето на бугарското малцинство во Уставот. Филипче порача дека на тој начин би можело да се деблокираат преговорите на Македонија со Европската Унија. Неговата изјава предизвика реакција и одговор уште утрово во програмата на Радио Лидер.

За ова прашање се произнесе главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев. Тој во емисијата даде одговор на повикот на Филипче и ја отвори темата за политичките последици од ваквиот предлог. Темата за уставните измени повторно се наметнува како едно од најчувствителните политички прашања во државата. Одговорот може да го погледнете од видеото во продолжение:

Погледнете ја целата емисија: