Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм го претстави идниот изглед на фабриката за вакцини што ќе се гради со партнери од ОАЕ и Кина.
„Вака треба да изгледа српската фабрика за вакцини што ја градиме со нашите партнери од ОАЕ и Кина“, напиша Вучиќ во објавата на таа социјална мрежа.
„Наскоро ќе започне изградбата на фабриката за производство на тестови за ПЦР“, додаде тој и посочи дека е горд на Србија и нејзините достигнувања во медицината, фармацијата и здравството.
View this post on Instagram