Пред крајот на вечерашната дебата меѓу премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски новинарот постави прашање на кое Заев избегна да даде одговор, а тоа „што доколку СДСМ не победи на претстојните локални избори“.
Иако новинарот Гоце Михајлоски инсистираше да добие одговор на ова прашање, Заев неколку минути правеше демагогии и не одговараше на прашањето. На крајот, неможејќи да избегне од прашањето дрско одговори со уште една демагогија:
„Можете уште 10 пати да го поставите прашањето, најдоброто ќе победи на овие избори“, рече Заев.
Погледнете повеќе од видеото во продолжение кое беше објавено на социјалната мрежа Твитер.