При делот за новинарски прашања по денешната прес-конференција на Заев, на самиот крај на Заев му беше посочено дека иако тој постојано напоменува како кандидира чесни и одговорни лица, а последните денови во јавноста излегоа документи за осудуваност на кандидатот на СДСМ за Општина Аеродром – Александар Филиповски.

Заев на ова се правеше „наудрен“. Вели дека колку што знаел, осуден бил кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба, но не и Филиповски.

Документот за казната која Филиповски ја добил за нанесување на тешка телесна повреда или претепување на друго лице, беше најпрво објавен на социјалната мрежа Твитер, а потоа и од порталот „Плусинфо“.

Во прилог, ви го претставуваме и јавно достапниот документ, кој потврдува дека изборот на СДСМ за кандидат за градоначалник на Општина Аеродром има претепано друго лице, по што бил осуден за нанесување на тешки телесни повреди, и тоа на условна казна од две години затвор.

Колку Заев не е во тек со најновите настани и случувања во Македонија, покажува и неговата изјава околу извидничкиот камп каде имаше обвинувања за малтретирање и вознемирување на деца, при што тој рече дека за настанот првпат слушнал денеска, иако истото се обзнани во јавноста пред една седмица.