Тој вели дека етничкиот идентитет е лично чувство. Тој додава дека ПОЕН е граѓанско здружение, а не политичка партија.
– Треба да се има ист еднаков пристап на сите граѓани спрема сите државни институции, но и на државата спрема сите граѓани, вели Земон.
Рубин Земон вели дека од 91-ва до сега сите пописи од некој се оспорувани.
– Никој нема да ви кажува вие што сте и кои сте. Секој си знае кои се неговите наследени културолошки работи, вели Земон и додава дека тој затоа е против етничката припадност да стои во личните карти.
За пописот вели дека тоа се статистички податоци и дека таму треба да биде различно од личните карти.
Тој зборуваше и за официјалните јазици во државата, каде вели дека е етнолог и кажува подетално за ова.
– Ние како етнолози сме против наметнување на официјални јазици во државата, вели Земон за Радио Лидер.
Целото негово гостување на Радио Лидер може да го погледнете во продолжение.