Натпреварот помеѓу Шарлот Хорнетс и Детроит Пистонс прекинат поради тепачка
Натпреварот помеѓу Шарлот Хорнетс и Детроит Пистонс требаше да биде еден од подобрите натпревари изминатата ноќ, со оглед на тоа што Шарлот влезе во натпреварот со девет последователни победи, додека Детроит е на првото место во Источната конференција.
Сето тоа падна во втор план поради големата тепачка што се случи во текот на третата четвртина и целосно го обележа натпреварот.
Инцидентот се случи на малку повеќе од седум минути пред крајот на третиот период, кога Детроит имаше предност од 70:62, а започна по продорот на Џален Дурен кон кошот и фаулот направен од Муса Диабате.
Потоа Дурен се сврте кон Диабате, двајцата се соочија еден со друг, а вербалниот конфликт веднаш прерасна во физичка пресметка, која траеше повеќе од половина минута и во кој беа вклучени повеќето играчи на паркетот. Откако страстите малку се смирија, нив повторно ги разгоре Ајзеа Стјуарт.
Тој ја напушти клупата на Детроит за да се соочи со Бриџис, а новата физичка пресметка доведе до нов метеж на паркетот, по што судиите го прекинаа натпреварот и започнаа со прегледување на снимката, а на крајот доведе до кратко присуство на полицијата на теренот.
По долга пауза, беше одлучено четворица играчи да бидат исклучени,од Шарлот, Диабате и Бриџис мораа да го напуштат теренот, додека во Детроит, Дурен и Стјуарт беа исклучени, што практично му даде на дуелот сосема поинаков тек.
На крајот Детроит победи со 110:104.
Wow! A massive fight broke out in the NBA Hornets versus Pistons game tonight, leading to four ejections. pic.twitter.com/5wvfECHxHL
— Vince Langman (@LangmanVince) February 10, 2026
Pistons and Hornets brawl 🍿 pic.twitter.com/BGThHocLzI
— Fullcourtpass (@Fullcourtpass) February 10, 2026
Look how Isaiah Stewart SPRINTED off the bench 🤣 pic.twitter.com/uIcjONMXI4
— BrickCenter (@BrickCenter_) February 10, 2026
