Утрово во „Еспресо со Златев и Боцевски“ разговаравме со Роберт Велјановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош каде главна тема ни беше проектот кај „Алумина“ и спорниот ДУП со вискокатниците кои таму ќе се градат.
Ние не се обидуваме да го спречиме само ДУП-от во „Алумина“ туку да ги спречиме сите ДУП-ови. Тоа се обидуваме да го направиме од една многу проста причина – ние сме против прекумерна изградба на згради во Карпош. Не сме против ДУП-ови, но просто сметаме дека Карпош е преизграден, вели Велјановски за Радио Лидер.
Според Велјановски градоначалникот Стевче Јакимовски неправилно го проектира буџетот на Општина Карпош.
Не може да почнат да градат без да се направи основната инфраструктура. Мора да имате обезбедено фекална канализација, водовод, струја, односно се што се подразбира под инфраструктура.
Точно е овој план можеби личи на Чикаго, но сте ја виделе ли канализацијата во Чикаго?, прашува Велјановски и наведува дека главниот проблем овде е тоа што Општината неправилно ја проектира инфраструктура.
Сите видеа на Радио Лидер може да ги погледнете на нашиот Јутуб канал.