За време на викендот времето ќе биде сончево и топло со дневна температура која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината, информира УХМР.

Максималната дневна температура ќе достигне до 20 степени.

Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Од вторник повторно следува стабилно и потопло време.