– „Дивиот, див запад“ ми е трн во око. Не ми се допадна. Првиот дел од „Луѓе во црно“, како и „Потрага по среќата“ ги сметам за најдобри. Од различни причини, мислам дека ова се моите два речиси совршени филма, изјави тој.
Годинава тој е актуелен со биографскиот „Кралот Ричард“, а најавени се уште неколку филма во претпродукција, меѓу кои и „Лоши момци 4“, „Брзи и лабави“ и други.