Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска ќе оствари работна посeтa на општина Струмица.
Николоски, во рамики на посетата, ќе се обрати на свечената церемонија на поставување камен-темелник на продажен објект на „Лидл“ во Струмица, каде ќе присуствуваат и оперативниот директор на на Лидл Македонија Рубријан Хаџиев и градоначалникот на Струмица Петар Јанков.
Вицепремиерот ќе изврши увид во изградба на комунален систем во с. Просениково, каде е предвидено да даде изјава за медиуми.
Од компанијата информираат дека инвестицијата претставува значаен придонес кон локалниот економски развој, отворање нови работни места и унапредување на понудата за потрошувачите, како и можност за продлабочување на соработката со домашните производители.
