Тоа ја надминува повеќе од трипати вредноста за цела 2020 година, кога изнесуваше 21 милијарда долари.
Вредноста на проектите го одразува развојот на синџирот на снабдување со батерии, според податоците од Fitсh Solution. Tие регистрирале 83 проекти во првите девет месеци од оваа година, што е повеќе од двојно од 37-те регистрирани во целата 2020 година.
Во вториот квартал од годинава е забележана тенденција на преминување на инвестициите од Азија во Западна Европа и Северна Америка.
Во третиот квартал од 2021 година, регистрирани се 34 производствени проекти за електрични батерии и сродни компоненти и материјали за вредност од 36,3 милијарди долари.
Надвор од Азија, Северна Америка има најголем дел од инвестициите, и во третиот квартал и во првите девет месеци – 31,4 отсто односно 25,2 отсто.