📍 загуба на ЕЛЕМ (денешно ЕСМ) 16,8 милиони евра,
📍 загуба на МЕПСО 6 милиони евра и
📍 вкупната загуба на двете државни, наши компании е 22,8 милиони евра во 2020 година, појаснува Мицкоски.

За споредба, посочува тој, на 5 август 2017 година ЕЛЕМ го оставил со 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра банкарски депозити и околу 300 милиони денари или 5 милиони евра на сметка со исплатени обврски, а МЕПСО 2016 година ја завршил со нето добивка од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.

– За неколку месеци од денес граѓаните одлучуваат дали сакаат да живеат во ова секојдневие на криминал, корупција, банкрот, долгови и безидејност што го нуди СДСМ или нашиот план за иднината, Македонија за сите луѓе. Граѓаните ќе одлучат дали ќе го поддржат ова секојдневие на СДСМ каде се крадат и банкротираат држаните компании или иднината која ја нудиме со инвестиции и развој на државните компании…., додава Мицкоски.