Тие соопштија дека од први септември наставата почнува со физичко присуство во сите училишта и истакнаа дека најдобар начин за да го заштитиме и менталното здравје и да се одржи нивото на квалитет на наставата и социјализацијата на учениците е тие да се во училница и тоа ќе биде направено во оваа учебна година.
– Отворањето на училиштата е препорака и на УНИЦЕФ. Подготвени се потребните протоколи за заштита. Училиштата исто така. Искуството од минатата година со наставата за учениците од прво до трето, покажа дека училиштата имаат капацитет да го спроведат образовниот процес и во вакви услови и нема сомнение дека така ќе биде и годинава, беше нагласено на прес-конференцијата.