Конкретни пресметки во ребалансот колку пари ќе се соберат од него до крајот на годината – нема. Но само од даноци се планира да се соберат 96 милиони евра повеќе од првичните проекции за годинава. Предвидени се повеќе приливи кај сите даноци, а ќе има раст и кај неданочните приходи – треба да се соберат 243 милиони евра – или за 21 милион евра повеќе од првичниот план.
Нема драстични кратења на непродуктивните трошења како што најави владата. Дури ставките за купување на опрема и машини наместо надолу, одат нагоре. Вкупно за стоки и услуги државните институции ќе потрошат 218 милиони евра, или 3 милиони повќе. За купување на опрема и машини ќе се потрошат 106 милиони евра или за околу 18 милиони евра повеќе од првичниот план. За мебел се предвидени 3,6 милиони евра или плус 2 милиони евра. А за возила 2,1 милион евра или 280.000 евра повеќе.
Целиот текст на Телма.