Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој долги години беше закочен во надлежнитe институции.

Со ревалоризацијата на Аквадуктот е опфатено и прашањето за категоризација на доброто според неговото значење, а со тоа и прашањето за режимот на заштита.

Одлуката овозможува трајно зачувување на Аквадуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува конечно да започне и неговата физичка заштита.

Со донесувањето на Одлуката, Аквадуктот се вбројува во уставната категорија „добра од општ интерес за Република Северна Македонија” и ужива посебна заштита во смисла на Уставот и Законот за заштита на културното наследство.